Предлог-закон до унгарската влада за задолжително вакцинирање на сите вработени

Унгарските работодавачи ќе мора да ги имунизираат сите вработени. Унгарската трговско-индустриска комора до владата достави законски предлог. Ласло Параг, претседател на комората, вели дека со тоа не само што ќе создадат можности за работодавците, туку и ќе ја направат вакцинацијата задолжителна за вработените и ќе го заштитат нивното здравје. Според него, постои голема заинтересираност  од раководството на компаниите, бидејќи тоа е единствениот начин да се избегне повторно затворање на економијата. Aмандманот може законски да ги отстрани сите пречки за фирмите кои се условите за вработување наведуваат и премени две дози вакцина.

За унгарскиот корпоративен сектор олеснувањето на рестрикциите беше најдоброто што им го овозможи владата благодарејќи на големиот процент на вакцинирани граѓани. Барањето од комората доаѓа кога бројот на заразени во Европа повторно се зголемува поради Делта сојот, а ризокот од нов бран е значително зголемен поради патувањето во странство пренесуваат државните медиуми. Примерите покажуваат дека дури и со висока стапка на вакцинација, новиот бран ќе донесе десетици илјади случаи, односно сегашната стапка на унгарските вакцинации нема да може да го потисне новиот бран, особено на есен.


КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста