Повредените од трагедијата во Романовце се борат за живот

Во тешка здравствена состојба се две  жени  кои се здобија со повеќе од 80 проценти изгореници на телото во вчерашната експлозија во кумановското село Романовце. Едната е на возраст од 35, а другата од 50 години . Лекарите и натаму се борат за нивниот живот .  Состојбата им е неизвесна бидејќи имаат  животозагрозувачки изгореници по телото. На Одделението за интензивна нега во Ургентниот центар згрижени се тројца од повредените.

Тројца пациенти во моментот се хоспитализирани кај нас, и тоа во единицата за интензивно лекување. И тројцата се интубирани, и тројцата се на механичка вентилација, односно на апарати за вештачко дишење, и се во доста тешка и критична состојба. – вели Илир Хасани – Директор на КАРИЛ

Уште тројца од повредените се лекуваат на клиниката за хируршки болести. меѓу нив  има бремена жена и дете. Лекарите објаснија дека изгорениците ќе имаат влијание и врз другите органи.

Втората пациентка е 28 годишна пациентка, со 25 % отеченост на површината на телото, со втор степен изгореници. За неа отежителна околност е тоа што е бремена во седми месец, вчера е направен конзилиарен преглед од страна на гинеколог, констатирана е состојбата на плодот, меѓутоа како ќе се одвива понатаму ситуацијата сега е неблагодарно да прогнозираме. – рече доктор Љубен Арсенков – Директор на клиниката за хируршки болести „Св Наум Охридски“- Скопје

Во вчерашната експлозија на плинска боца загинаа 4 лица меѓу кои 3 дечиња на возраст од 8, 9 и 10 години.  Вчеравечер почина и 59 годишниот маж кој беше сместен на КАРИЛ . Трагичниот настан во Романовце отовори низа прашања какви плиснски боци се користат во домаќинствата.  Од  ППЕ нагласуваат дека голем проблем прават несертифицираните боци кои на пазарот можат да се набават по многу ниски цени, но, истите се опасни бидејќи големи се шансите да се случи експлозија на боцата, за разлика од сертифицираните боци под притисок, кои се далеку побезбедни и тешко може да дојде до експлозија. Од СВР Куманово сеуште нема информации која е причината за големата експлозија.  Поради трагедијата во која животот го загубија четири лица општина Куманово утре  прогласи ден на жалост .

Дејан Трендов

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста