Поветкин со нокаут против Вајт до „ВБЦ“ титула


Александр Поветкин го победи Дилијан Вајт за привремената светска титула во тешка категорија во верзијата „ВБЦ“. Во градот Брентвуд рускиот „витез“ во петтата рунда од борбата го нокаутираше осум години помладиот Британец. 40-годишниот Русин во четвртата рунда на двапати беше на подот и во нокдаун, но успеа да се извлече, и да го пронајде патот до 36 победа во кариерата. За Вајт, пак ова е втор пораз, по претходниот од Џошуа, а веднаш по мечот побара реваш што поскоро со Поветкин.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста