Поради шумски пожар близу Чернобил, регистрирана зголемена радиоактивност

Шумски пожар кој што избувна во текот на викендов во областа околу нуклеарната централа Чернобил, предизвика драстично зголемена радијација.

Украинските власти објавиле дека радијацијата околу Чернобил е 16 пати над дозволеното, и е резултат на предизвиканиот пожар.

„Имаме лоши вести, радиоактивноста е повисока од нормалната во срцето на пожарот“, стои во соопштението од службата за инспекција на животната средина.

Пожарот зафати повеќе од 100 хектари шума околу централата на 100 километри северно од Киев.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста