Почина 27-годишната родилка од Куманово заразена со Коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.

Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење.

„И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален“, информираат од ресорното министерство.

Клиниката за гинeкологија и акушерство соопшти дека бебето е во добра состојба, сè уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.

Ова е трета смрт од коронавирус во последните 24 часа во земјава, со што бројот на починати се зголеми на 29.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста