Обамејанг го пролонгира новиот договор поради друг клуб?

Арсенал има желба да го продолжи договорот со Габонецот Пјер Емерик Обамејанг, меѓутоа фудбалерот сето тоа „намерно“ го пролонгира поради друг клуб, тврдат англиските медиуми.

Наводно Обамејанг ја чека понудата од Барселона, која пројави интерес, и токму од тука го пролонгира новиот договор со Арсенал.

Овој фудбалер пред неколку години не сакаше да потпише нов договор со Борусија Дортмунд, па дури и „бојкотираше“ за да замине во Англија. Тогаш управата на „милионерите“ експресно го продаде на друг клуб.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста