Нови преговори со Серхио Рамос

Договорот на Серхио Рамос со Реал Мадрид е со важност до јуни наредната година, а по освоената титула веднаш започнаа нови преговори. Наводно, клубот му нуди продолжување за уште една година, но 34-годишниот дефанзивец сака да потпише до 2023-та. Неговите желби најверојатно ќе ги исполни раководството на Кралевите, ако судиме и по последната изјава на претседателот Флорентино Перез, кој јавно истакна дека сака Рамос да остане во Реал до крајот на неговата кариера.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста