Нова трагедија на скопските буклевари – 75 годишен маж прегазен пред мостот „Гоце Делчев“

Уште една жртва на скопските улици. 75 годишен маж беше прегазен пред мостот „Гоце Делчев“ во близина на пешачки премин пред Владата. Во него удрило кумановско возило „БМВ Х6“ кое го управувала жена. Засега се знае дека мажот бил удрен од возилото додека ја преминувал улицата. На местото на несреќата извршен е увид.

  • Во сообраќајката која се случи кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје загина 75-годишниот С.А. кој преминувал улица непосредно во близина на пешакиот премин. Првичните информации се дека до несреќата дошло кога автомобил марка „БМВ“ со кумановски регистерски таблички со кој управувала 42-годишната Г.Ф. удрил во С.А., дознава Алфа од извори на страгата.

Во овие моменти „Пајак службата“ го подига од лице место возилото со кое беше прегазен човекот. По наредба на јавен обвинител ќе се изврши обдукција на телото на починатиот, а од возачот земено е крв и урина за да се утврди дали бил под дејство на алкохол.

  • Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата. Дежурниот јавен обвинител издаде наредба и за технички преглед на автомобилот, велат од обвинителството.

Граѓаните буквално се во шок. Велат дека возачите само летаат долж булеварите, како да се на трки.

  • Катастрофа невидена, ова на секое се случува кај нас, тоа е наш македонски менталитет. Мислам дека треба да има поголеми казни, и да има контроли низ улиците. Возачиве возат ко луди, ни гледаат ни ништо, ова е лудо се, остро реагираат граѓаните пред нашата камера.

Инаку, само на скопските улици во изминава недела загинаа тројца граѓани, од кои двајца на пешачки. Минатата недела кај трговскиот „Сити мол“ 22 годишник на пешачки смртно ја прегази 24 годишната Викторија Николова од Радовиш. За овој случај на возачот му беше определен 30 дневен притовр, а причините за трагедијата допрва ќе се утврдат од истрагата која се уште е во тек. Вчеравечер 18 годишник со својот автомобил прегазил 72 годишна жена која поминала со тешки повреди.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста