Нов ценовен шок за граѓаните: Заради еколошката такса, нафтата и горивата од 1. јули поскапи 3,5 денари

Нов ценовен шок од следниот месец ќе „удри“ по џебот на граѓаните. Од 1 јули за 3,5 денари ќе порасне цената на сите нафтените деривати заради еколошката такса која владата веќе ја пресмета во ребалансот на буџетотот. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека овие одлуките допрва ќе се донесат. Целта е, вели, да се откажеме од нафтата и помалку да ги користиме возилата, со цел да се премине на користење на зелена енергија.

  • Преку една ваква еколошка такса, средствата ги лоцираме директно во фондовите за инвестиции на обновливи извори на енергија, но истовремено и за амортизација при либерализацијата на пазарот на струјата, затоа што сакаме да ги подготвиме земјата и граѓаните за ‘меко спуштање’ при целото пазарно пласирање на цената на струјата со конечна цел да нема покачување на цената на струјата оваа година, рече Заев.

По најавите за значително поскапување на горивата се поизвесно станува дека ќе има и големо поскапување на струјата. Премиерот вели дека не може да гарантира дека струјата нема да поскапи. Тој вели дека планот на Владата е да го намали ДДВ-то од 18% на 5% но не може да гарантира дека ќе успее во тоа.

  • Не можам да гарантирам оти може Мицкоски да блокира одредени закони. Сите работи не зависат само од мене. Сeга цената на струја на берза е зголемена до 75 долари а ние, во моментов на излезот од коронакризата сакаме да ваков начин да осигуриме дека нема да има покачување за граѓаните да не почувствуваат. Гледаме дека тоа го предлага и опозицијата, добро е што се согласуваме, изјави Заев.

Најавите за намалување на ДДВ-то за струјата се само уште една потврда дека од август ќе плаќаме повисоки сметки од 15% до 18%. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски алармира дека повисока цена на струјата, ќе значи осиромашување на граѓаните.

  • Како резултат на тоа доведено е во прашање ликвидноста на компанијата, засилена со пљачката која таму се случува, ЕЛЕМ ќе понуди цена на електрична енергија која се очекува да биде помеѓу 55 и 58 евра за мегават час. Тоа ќе биде во вкупна количина од 70% потребите на ЕВН ХОМЕ односно од потрошувачите кои добиваат сметки од ЕВН. Останатите 30% ќе биде цената која ќе ја понудат трговците а таа во моментов на берзите изнесува околу 70 евра. Кога сето ова ќе се сведе на вкупна цена очекуваме дека граѓаните најмалку ќе плаќаат 18% поскапа цена, појасни Мицкоски.

Колку за илустрација, на сметка за струја од 3.000 денари, поскапувањето би било за околу 150 денари. Инаку, „МЕПСО“ и „ЕВН“ кои учествуваат со 38% од цената на електричната енергија, веќе побарале зголемување од по 5%, што секако ќе влијае и врз цената која ќе ја понудат трговците.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста