Никлас Ландин и Стине Офтедал се избрани за најдобри ракометари на светот за 2019

Никлас Ландин и Стине Офтедал се избрани за најдобри ракометари на светот за минатата 2019-та година во изборот на ИХФ. Данскиот голман на Кил беше подобар од Цинриќ, Хансен, Сагосен и Лауге Шмид кои со него беа во последниот круг, а Норвежанката Офтедал која е членка на Ѓер доби повеќе гласови од Вјахирева, Полман, Вестер и Абиг. Инаку доминацијата на Скандинавците во овој избор на Светската ракометна федерација ја заокружи данскиот селектор Николај Јакобсен кој е прогласен за тренер на годината.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста