НБА: ЛЕЈКЕРСИ КОНЕЧНО ПОБЕДИЈА, ГОЛДЕН СТЕЈТ И ШАРЛОТ И НАТАМУ БЕСПРЕКОРНИ

По два пораза Лејкерси славеа за прв пат во новата сезона. 121-118 за Леброн и друштвото и тоа откако Жа Морант во дресот на Мемфис блескаше со 40 поени и 10 асистенции, но промаши слободно фрлање кое на Гризлис можеше да им донесе продолжение. Недалеку од ЛА, во Сакраменто Голден Стејт ја продолжи серијата победи на стартот и тоа со 119-107 против Кингси, На другата страна од континентот Шарлот славеше кај Бруклин со 111-95 и остана беспрекорен, а на Нетси не им вредеа ни 38 поени со 70 насто шут на Кевин Дурент. Њујорк во Медисон е изненаден од Орландо со 110-104, Филаделфија славеше кај Оклахома со 115-103, а и Хјустон загуби на свој паркет од Бостон со 107-97.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста