Над 3500 приведени на протестите за ослободување на Навални во 100 руски градови

Над 3.500 демонстранти, се уапсени на вчерашните протести низ Русија за поддршка на опозициски лидер, Алексеј Навални. Меѓу уапсените имало и околу 300 малолетници.

Обвинителството отворило и кривични постапки бидејќи собирот не бил дозволен од страна на властите, а отворена е постапка и поради насилство врз полиција.

Инаку десетици илјади луѓе излегоа вчера на улицитe во 100 руски градови, а само во Москва имаше најмалку 40 илјади демонстранти.

САД најостро ја осудуваат употребата на груба тактика против демонстрантите и новинарите викендов во градовите низ Русија, објавија од Стејт департментот.  Со ова Соединетите држави ги повикаа руските власти да ги ослободат сите приведени за кршење на нивните универзални права, како и за итно и безусловно ослободување на Навални.

Протести синоќа имаше и во Берлин. Луѓето се собрале пред зградата на канцеларката Ангела Меркел во Берлин, во знак на протест против апсењето на рускиот опозициски лидер. Протестите започнаа откако Навални беше уапсен по враќањето во Москва од Берлин минатата недела.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста