На првиот работен ден, Цветан Трипуновски на теренска средба со прилепските земјоделци

На првиот работен ден, Цветан Трипуновски на теренска средба со прилепските земјоделци

    На стартот од неделава, зрак надеж за македонските земјоделци. Дополнителниот заменик минстер за земјоделство, Цветан Трипуновски, на денешниот прв работен ден, уште веднаш на теренска средба со тутунарите од прилепско каде ги слушна моменталните земјоделски проблеми, но и актуелните состојби околу досега невидениот дебакл со откупот на тутунот.

   „Како дополнителен заменик-министер во наредниве 100 дена ќе дадам се од себе да се спречат злоупотребите, манипулациите, омаловажувањето на земјоделците која категорија, јас практично треба да ја заштитам. Мојата позиција, за жал, како дополнителен заменик-министер во оваа техничка Влада не дозволува да реализираме некои замисли и проекти кои што ги имаме, меѓутоа улогата е да спречиме евентуална злоупотреба на оваа категорија на гласачи“ – изјави Цветан Трипуновски, технички заменик-министер за земјоделство.

    Земјоделците, иако свесни дека техничките министри немаат ингренции за радикални промени, сепак веруваат дека работите ќе почнат позитивно да се придвижуваат.

  „Очекуваме да имаме надеж, да. Одиме за поубава иднина, оти луѓево сите заминаа странство. Мојата генерација другари го откажаа земјоделието заради тоа што не е платено ништо. Пченка имав, никако не оди и се откажав од неа, само со тутунот останавме, ама и тој не е платен и еве уште чекаме да се поткрене цената“, – ни рече Јане Јанчески, земјоделец од с. Беровци.    

 „Да се надеваме дека над 360 денари ќе биде исплатен тутунот, да не биде долу. Не сме задоволни. Имам инвестирано голема инвестиција. Со аргати работам, нон-стоп околу 10 тона тутун да се собира, не се собира така. Значи, ѓубривото е оскапено, прскањето, се’ e оскапено“,– кажа Беџет Исламоски, земјодерлец од с. Канатларци.

  Трипуновски даде ветување дека во наредните сто дена ваквите средби со земјоделците ќе бидат секојдневни во сите делови од државата. А по преземањето на власта по изборите, како што рече, ќе се пристапело и кон конкретно решавање на сите проблеми преку рализацијата на добро осмислените и целисходни проекти.

                                                                                            Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста