На Хунгароринг денеска се вози третата трка

Попладнево на Хунгароринг се вози третата трка од Светското првенство во Формула 1. Најдобро поставен на стартната рамнина во Будимпешта ќе биде Луис Хамилтон од Мерцедес, а веднаш до него е клупскиот колега Валтери Ботас. Овие двајца водат во генералниот пласман, а и вчера во квалификациите беа доминантни, па тешко е да се очекува изненадување од тие зад нив како Перез, Фетел, Леклерк, Ферстапен. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста