МЗТ Скопје останува во АБА 2, Приморска се спаси

По Собранието на АБА лигата и извлечените двојки за првото коло, воедно и распореднот за новата сезона, може да заклучиме дека и официјално МЗТ Скопје Аеродром наредната сезона ќе остане дел од втората по квалитет регионална кошаркарска лига. Последна шанса за прогрес во АБА 1 гледавме во финасиските проблеми на Приморска, но веројатно клубот од Словенија ги расчисти сметките, со оглед на нивното присуство на новиот натпреварувачкиот календар. Така што, МЗТ Скопје останува во АБА 2, каде Македонија ќе има уште еден претставник во екипата на Работнички.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста