МВР: Казнети 572 лица за неносење маска, 20 не го почитувале полицискиот час

Од 22.00 часот (28.03.2021) до 05.00 часот (29.03.2021) констатирано е дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење.

-Во текот на изминатото деноноќие (28/29.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 572 прекршоци, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста