ДЕНЕСКА ВО ЕВРОПСКИТЕ ЗОНА ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ИМА ВКУПНО 15 СРЕДБИ

Кошаркарите ма МЗТ Скопје можат да се вратат на четвртото место во АБА 2 и од таму да влезат во разигрувањето, а единствено што Аеродромци треба да сторат е да слават во мечот што во моментов се игра на Златибор против домашната екипа. Во случај да не успеат на сините им се заканува пад до седмото место на крајот од основниот дел. Работнички нема такви грижи и игра само за реноме. Во средбата од 17 часот на истото место црвените се среќаваат со Слобода Ужице, но далеку пред ова последно 13. коло тие ги загубија шансите за плеј оф, а со самото тоа и за пласман во Првата Јадранска лига.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста