Меси е најплатениот фудбалер за 2020 година

Лионел Меси е најплатениот фудбалер во светот за 2020 година. Според пресметките на „Форбс“, капитенот на Барселона годишно заработува 126 милиони долари. Тој е вториот фудбалер во историјата кој може да го добие приматот на милијардер. Засега единствен милијардер во фудбалот е Кристијано Роналдо, кој се најде на второто место на листата најплатени во тековната година со 117 милиони долари. Трет е Килијан Мпабе со заработени 96 милиони долари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста