Манчестер Сити потврди, Лерој Сане летово го напушта тимот

Екипата на Манчестер Сити потврди дека Лерој Сане летово го напушта клубот. Не е тајна дека германскиот репрезентативец сака да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен кој е заинтересиран за овој фудбалер уште од минатото лето. Сепак повредата на Сане беше пречка за баварците да ја реализира неговата преселба на “Алијанц арената“, бидејќи играчот на почетокот од сезоната доживеа тешка повреда и се врати на теренот дури на во февруари. Тој беше тема и во зимскиот преоден рок, но пандемијата ги стави во втор план тарнсферите, па сега дојде време за летни засилувања, а Баерн сака што поскоро да го искористи тоа, посебно што може да го добие под многу поволни услуги.  Самиот тренер на “граѓаните“ , Пеп Гвардиола ја потврди разделбата со Сане, истакнувајќи дека фудбалерот не сака да го продлжи договорот со Премиерлигашот бидејќи сака да настапува за друга екипа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста