Македонските одбојкари во четврток и петок ќе тестираат со Србија

Македонските одбојкари по првата одбработена подготвителна недела за Европската Сребрена лига, сега се фокусираат на претстојните две контролни пресметки кај нашиот северен сосед. В четврток во Врњачка Бања од 17 часот ќе тестираат со репрезентацијата на Србија, која важи за актуелен европски првак. Ден подоцна, в петок и со вториот тим на Србија, но во Велико Градиште од 19 часот. Ова ќе бидат единствените два теста во пресрет на двата турнири од групната фаза во Сребрената лига. Македонија е во групата А, заедно со Данска, Кипар и Израел, и е сигурен учесник на Фајналфор турнирот со оглед дека истиот се игра во Струмица на 5 и 6 јуни. Целта е да дојдеме до првото злато во шесттиот обид, по досегашните три втори, едно трето и едно четврто место.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста