Лутаро останува во Интер

Барселона не успеа да го ангажира Лутаро Маритинес, не за сума колку што изнесува неговата откупна клаузула од 111 милиони евра. Таа истекува вечерва на полноќ, а тоа значи Интер повеќе нема да биде обврзан на фиксна сума, сега ќе може да бара и повеќе за арентинскиот голгетер. Но, тешко кој би се согласил за повеќе со оглед на финансиската корона-криза. Затоа, Нераѕрурите ќе го задржат Мартинес и наредната сезона, наводно со нов двојно побогат договор, пет милиони евра годишно.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста