САД и официјално се повлекува од СЗО
САД официјално се повлекоа од Светската здравствена организација по наредбата на претседателот Доналд Трамп, кој ги обвинува за лошо управување со пандемијата. Оваа одлука ќе стапи на сила на 6 јули наредната година. Трамп во април го запре финансирњето на СЗО која брои 194 членки и без чии средства организацијата многу потешко ќе функционира. Тој во мај и даде рок од две седмици на СЗО да се реформира и се закани дека ако не го сторат тоа САД ќе ги напушти. Заканата сега се реализира. Инаку, САД се најголем финансиер на СЗО со околу 450 милиони долари годишно.
КАТЕГОРИИ Свет