За Касами, Заев беше лажго и лицемер, сега програмата на СДСМ за БЕСА е свето писмо

Што е тоа што програмски ги спои СДСМ и БЕСА?Со што коалицијата “Можеме” ги лови гласовите особено во шестата изборна единица? Колку партијата на Касами програмски се претопи кај социјалдемократите,а колку има автентични определби со кои ја бара довербата во предизборието?

На овие прашања од БЕСА денеска не добивме одговор. Шефот на изборниот штаб Хоџа не одговараше на телефонските повици. Во едно од последните интервјуа за државната информативна агенција Касами само изјавува дека БЕСА Ќе биде гаранција за тоа дека изборната програма нема да биде само изборен памфлет. Не наведува конкретни проекти туку единствено вели дека приоритет ќе бидат решавање на инфраструктурните проблеми водоводната и канализационата мрежа. Ветува дека во коалиција со СДСМ ќе отворат 80 проценти од поглавјата со ЕУ.

За партнерот со кого сега планира да преговара со ЕУ во минатото имаш став дека не ги исполнува ветувањата.

– Зоран Заев и со оваа ситуација покажа дека е еден обичен измамник, не само што не стои на зборот, туку не стои и зад тоа што сам го потврдува и го потпишува, рече Билал Касами, претседателот на БЕСА.

За Заев пак причината за ваквите ставови на Касами беше фактот што тогаш БЕСА беше во опозиција револтирана од начинот на владеење на ДУИ.

– Каков опозиционер е Касами ако не ја критикува власта, рече меѓу другото Зоран Заев, претседтелот на СДСМ.

Сега Касами се надева дека со Заев ќе освојат мнозинство од 61 пратеник. БЕСА смета дека е реално да се надева на 7 до 10 пратеници. За идејата на ДУИ за премиер Албанец Касами смета дека е потценувачка.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста