ЛА Лејкерс е новиот шампион во НБА

ЛА Лејкерс е новиот шампион во НБА лигата откако со 106-93 го совладаа Мајами за четири наспроти две победи во финалната серија. Нивната доминација, контролата на теренот од првата до последната минута, едноставно го отпиша противникот во обидот за решавачки седми меч. По десет годишно чекање ова е прва титула за Лејкерси, а вкупно 17-та во историјата, по која застанаа рамо до рамо со Бостон на вечната листа најтрофејни НБА клубови. МВП на финалето е Леброн Џејмс. „Кралот“ со трипл-дабл учинок од 28 поени, 14 скока и 10 асистенции дојде до четвртиот прстен во кариерата, има истотолку МВП признанија, и тоа со три различни екипи, што го прави единствен во историјата. Оваа титула е посветена на трагично загинатата легенда, Коби Брајант.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста