Контрола „колку да се рече“ – хаос со сертификатите за вакцинација

Фалсификувани потврди за вакцинација на големо се печатат, но кој тоа да го исконтролира. Додека државата кубури со инспектори, на социјалните мрежи кружат и огласи за изработка на фалсификати, и тоа по воведувањето на анти-ковид мерките кои неодамна стапија на сила. Па така за влез во кафеана или кафуле мора да прикажете сертификат, кој го проверува реадар или келнер, кој притоа не смее да ви побара и лична карта. За ваквата хаотична ситуација граѓаните вината ја гледаат во власта која ги носи, но не доволно ги пременува мерките.

Алфа направи обиколка во дел од скопските локали, но никаде, не наидовме на инспектор што би проверил сертификат за вакцинација. Во кафулињата, кои беа речиси празни, само вработените ни ја проверија потврдата.

Во меѓу време, веќе се случи и експлозија на револтот во слаткарница во Дебар, а според   објавувачот на видеото на социјалните мрежи, станува збор за наводно недоразбирање поради вакциналните сертификати.

Засега нема информации за повредени, ниту за причината за тепачката. Од СВР Охрид ја потврдија тепачката, и рекоа дека „актерите“ заработиле кривични пријави.

Инаку, кај граѓаните последните неколку денови расте револтот поради мерките на власта со кои се прекршуваат основните човекови права и се дискриминираат граѓаните. На прототести, кои речиси секојдневно се одржуваат во повеќе градови во земјата им се придружија и угостителите.

За фалсификување сертификати за вакцинација, предвидени се затворски казни.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста