Ќе го преземе ли Град Скопје парното греење на „Железара“ и „Топлана Скопје Север“?!

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов останува на ставот да биде прв човек и на градското парно греење. Станува збор на т.н. Железарско парно во сопственост на „Елем Енергетика“ (А.Д. ЕСМ) и на Топлана Скопје Север. Како што велат од Регулаторната комисија за енергетика, во завршна фаза бил договорот за снабдување со топлинска енергија да биде под капата на Градски енергетски системи, претпријатие формирано токму од Шилегов со влог од 250.000 евра.

Од Регулаторна велат дека документите поднесени од Град Скопје се во прекин, зашто прво треба да се направи договор со Електростопаснство на Македонија за да може да ја преземат лиценцата за дистрибуција.

– Онаму каде што Градски енергетски системи ќе ни покаже дека има свој основни стедства може да добие лиценца и тоа најбрзо би можело да се случи со топланата Скопје Север, а потоа би можело да се случи и со Железара. Но пред се треба да се договорат Градски енергетски системи и Енергетика бидејќи тоа е сопсвеност на Електрани на Северна Македонија и треба да се најде сооодветен начин тие средства да се дадат на користење на Градски енергетски системи, рече Марко Бислимовски, Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.

Првичната замисла на Шилегов беше Град Скопје да раководи со целокупната топловодна мрежа и за таа цел се формираше препријатието Градски енергетски системи. Но две грејни сезони по ред, не успеа да ја преземе дистибутивната мрежа од Балкан енерџи груп која поседува лиценца за оваа обврска до 2047 година.

Претходно, енергетските компании побараа зголемување на цената на струјата, за што веќе ги доставиле пресметките до РКЕ. Велат дека поради кризата енергетските компании имале намалени приходи и трошоци и периодов ќе се разгледувало дали е оправдано барање за поскапување. Новата цена на струјата, треба да се знае кон крајот на месецов, но поради пандемијата можно е и да се пролонгира.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста