Кинески дронови за Србија за надгледување на Косово

Србија минатиот месец објави набавка на вооружени беспилотни летала од Кина – што е најголемата воена продажба на Пекинг во  Европа од крајот на Студената војна.

Дополнително, од 18 септември по улиците на Белград, заедно со српските колеги, патролира и кинеска полиција.

Дроновите на „Пегасус“ се предвидува дека ќе можат да останат 12 часа во радиус од 100 километри, набљудувајќи го поголемиот дел од соседно Косово – кое има заладен однос со Србија. Деветте кинески дронови „Винг Лонг“ ќе бидат предадени на Србија во наредните шест месеци. Далечински пилотираниот авион е во функција во голем број азиски и африкански земји, вклучувајќи ги и Обединетите Арапски Емирати, Нигерија, Пакистан, Индонезија, Казахстан, Саудиска Арабија, Узбекистан и Египет.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста