Германските инвеститори бараат од Владата појаснување за „недела неработен ден“

Германските инвеститори во земјава бараат да се донесе посебна уредба која прецизно ќе уреди недела неработен ден и ќе биде дел од Законот за работни односи со кој се регулира недела да биде неработен ден за сите работници. Оваа уредба, велат од Делегацијата на германското стопанство, ќе ја заштити позицијата која ја имаат производителите од Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување.

Директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, рече дека заедно со германските инвеститори во земјава поднеле барање во Законот да биде внесена уредба со која прецизно ќе се регулира законот. Оваа уредба ќе ја заштити позицијата која ја имаат производителите од Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување. Ја информирав министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска, за тоа што ќе значи застојот во производството за автомобилската индустрија во однос на глобалните синџири на снабдување и конкурентноста на пазарот во однос на земјите со кои Македонија конкурира во привлекувањето странски инвеститори, додава Мартенс.

Тој заедно со германскиот амбасадор Ото Граф имале и средба со министерот за правда Бојан Маричиќ на која разговарале за заштитата на странските инвеститори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста