ЕУ: Русија и Кина ја минираат демократијата со дезинформации за коронавирусот

Европската унија ги повикува онлајн платформите да ја засилат борбата против бранот дезинформации за пандемијата со корона вирус, обвинувајќи ги Кина и Русија за монтирање на пропагандни кампањи за поткопување на демократијата.
„Странски актери и одредени трети земји, особено Русија и Кина, се вклучија во насочени операции за влијание и кампањи за дезинформации околу ковид-19 во ЕУ, нејзиното соседство и на глобално ниво двете земји „сакаат да ја влошат социјалната поларизација и да го подобрат сопствениот имиџ во контекст ковид-19“ – се вели во документот, во кој е прикажан пристапот на Унијата кон справување со дезинформациите поврзани со пандемијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста