Едно лице се здоби со тешки телесни повреди на работно место
На 22.09.2020 во 00.50 часот во СВР Скопје, Е.Г.(48) од Скопје пријавил дека на 21.09.2020 околу 22.30 часот во фирма на ул.„Македонско Косовска Бригада“ во Скопје, додека извршувал работни задачи, се превртела количка и паднала врз него, по што бил пренесен во Градската општа болница„Св.Наум Охриски“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.
КАТЕГОРИИ Хроника