„Easy Јet“ во криза – укинува третина од работните места

Британската нискобуџетска авиокомпанија „Изиџет“ објави дека планира да укине 4.500 работни места и да ја смени флотата на авионите за да се приспособи на помалата потрошувачка на урнатиот пазар за патувања поради Ковид-19.

Компанијата вработува 15 илјади луѓе во осум европски земји, а следните денови планира да почне процес на советување за планираните откази.

Најавија дека во втората половина од годината ќе летаат со речиси 30 проценти капацитет, што одговара на 302 авиона или 51 помалку од претходно планираните за 2021 година.

Како што се додава во соопштението, од компанијата се насочуваат на намалување на трошоците и дека продолжуваат со разговори со компании за лизинг за продажба на авионите за да се соберат дополнителни средства.

Се проценува дека продажбата би можела да собере меѓу 300 и 650 милиони фунти, малку повеќе од процените во април.
Коронавирусот ги фрли на колена авионкомпаниите во светот принудувајќи ги да ги приземјат авионите и да укинат десетици илјади работни места за да може да се подготват за значително поинаков пазар на патувања во следните три години.

Ирската авиокомпанија “Ryanair”, “British Airways” и “Virgin Atlantic” најавија дека ќе поделат 18 илјади откази, а “Boeing” потврди дека во наредните неколку недели 12 илјади вработени ќе останат без работа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста