Денеска ново 1/4 финале од ЛШ во Лисабон: ЛАЈПЦИГ против АТЛЕТИКО МАДРИД

Противникот на ПСЖ за вторник ќе го дознаеме вечерва откако на истата локација во Лисабон Лајпциг и Атлетико Мадрид се соочуваат во второто четвртфинале. Германците се надминаа со учество во овој сегмент, па затоа се и аутсајдери во дуелот со далеку поискусниот шпански тим кој три пати беше дел од завршните претстави во еминентното натпреварување. Тука е и објективната разлика во квалитет, во избор на опции, но секако заради начинот на кој дојде до ова ниво, Лајпциг не смее да се исклучи. По ова, натпревари од Лигата на шампионите, на завршниот турнир во Лисабон ќе има и утре и в сабота, а во нив Барселона ќе се сретне со Баерн Минхен, а Манчестер Сити со Олимпик Лион. Полуфиналните средби се закажани за 18 и 19 август.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста