ДАЛАС ГИ „ЗГАЗИ“ КЛИПЕРС СО РЕКОРДНО ПОЛУВРЕМЕ ВО НБА, ГОЛДЕН СТЕЈТ СО ТРОЈКА НА ЛИ ВО ФИНИШОТ ДО ПРВ ТРИУМФ


Далас слатко им одмазди на Клиперс за поразот во плејофот. „Маверикс“ на синоќешното гостувањето во Лос Анџелес славеше со убедливи 124-73. До паузата создадоа предност од 50 поени, со што го урнаа рекордот на Голден Стејт пред 30 години за најголемо водство на полувреме. Отсуството на повредените Ленард и Морис остави црна дамка врз играта на Клиперс, особено во шутот од дистанца, каде погодија само една тројка од 19 обиди во првиот дел. Тоа го искористија кошаркарите на Далас за прва победа по двата воведни порази. Ова, пак, е прв пораз, и највисок во историјата на Клиперс. Од останатите девет одиграни натпревари за издвојување е првиот триумф на Голден Стејт кај Чикаго со 129-128, остварен со тројка на Ли во последните секунди. Инаку, најпрецизен на мечот беше Стеф Кари со 36 поени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста