БИБЛ: ТФТ ВО ТЕСЕН МЕЧ ЗАГУБИ КАЈ АКАДЕМИК (80:75)


Кошаркарите на ТФТ со втор пораз неделава во пресметките со бугарските екипи во БИБЛ лигата. По неуспехот кај Берое, македонскиот дебитант беше немоќен и синоќешното гостување во Пловдив кај лидерот Академик со 80-75. ТФТ е со скор од две победи и четири порази во пресрет на седмото коло на 17ти месецов, кога во Скопје повторно се среќава со досега непоразениот Академик.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста