БАРДИ ЗАЗДРАВЕН СЕ ПОЈАВИ ВО ТИМОТ НА ЛЕВАНТЕ, А РЕХАБИЛИТИРАН Е И НЕСТОРОВСКИ

Енис Барди е заздравен за што потврда се 45 минути при поразот на неговата екипа Леванте кај Севиља со 5-3. Креаторот на македонската селекција не можеше ништо да смени затоа што влезе во игра кога тимот од Валенсија веќе беше во длабока негатива, но затоа може многу ќе влијае на нашата игра во дуелите со Ерманија и Исланд во завршницата од квалификациите за Светското првенство. Во нив сега селекторот Благоја Милевски ќе може да смета и на Илија Несторовски кој вчера по подолго време се најде меѓу резервите на Удинезе што е доказ дека е целосно рехабилитиран.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста