Барди „мета“ на Арсенал, и на уште неколку клубови во Европа

По рестартот на Ла Лига и добрите партии во Леванте, шпанските медиуми на големо пишуваат за интересот по Енис Барди од неколку европски клубови.
Наводно, прв на листата е Арсенал. „Топџиите“ под будно око го следат македонскиот репрезентативец, и не се исклучува можноста да стапат во преговори за негов ангажман по крајот на оваа сезона.
Премиерлигашот е во потрага по играч од средниот ред по најавата дека Матео Гендузи ќе си замине, а Дани Себалјос ќе се врати во Реал Мадрид.
Покрај Арсенал, се шпекулира дека Фиорентина е заинтересирана за Барди, како и два германски клуба, Ајнтрахт Франкфурт и Штутгарт.
Барди во Леванте пристигна од Ујпешт за само 1,5 милиони евра, а сега откупната клаузула за него е околу 50 милиони евра. Леванте нема да прифати ниту една понуда пониска од 20 милиони евра, што би го направиле најскапоплатениот македонски фудбалер во историјата.
Рекордот моментално го држи Елиф Елмас откако за 15 милиони евра од Фенербахче се пресели во Наполи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста