БАЕРН И ПОРТО СИНОЌА СЛАВЕА, НО ПСЖ И ЧЕЛЗИ СЕ ПЛАСИРАА ВО 1/2 ФИНАЛЕТО ОД ЛШ

Двете екипи што синоќа победија Баерн и Порто не се пробија во полуфиналето од Лигата на шампионите затоа што нивните противници ПСЖ и Челзи ја сочуваа предноста создадена во првите средби од четвртфиналето од Лигата на европските фудбалски шампиони. Во реваншот од мега пресметката на ПСЖ и Баерн која беше и реприза на финалето од минатата сезона, Германците со гол на Чупомотинг победија во Париз со 1-0, но триумфот на Французите од 3-2 минатата недела во Минхен, и правилото гол повеќе на гости при конечни 3-3 им донесе пласман во завршниот квартет.  Таму е и Челзи кој во вториот дуел со Порто одигран на неутрален терен во Севиља загуби со 1-0, но погодокот на Тареми беше длабоко во судиското продолжение за Англичаните кои имаа 2-0 од воведните 90 минута да бидат загрозени. Во следниот круг, а тоа е веќе полуфинале, ПСЖ го очекува подобриот од двобојот на Борусија Дортмунд и Манчестер Сити кој денеска од 21 часот доживува продолжение на Сигнал Идуна паркот и тоа со предност од 2-1 за Премиерлигашот. Челзи, пак, во финишот на април и почетокот на мај, ќе се соочи со Ливерпул или Реал Мадрид кои вечерва имаат уште една пресметка. Во првата во Шпанија, потсетуваме, кралевите победија со 3-1.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста