Англија ја наполни мрежата на Бугарија и веќе со една нога е на ЕП

Селекцијата на Англија брзо се опорави по поразот од Чешка во претходното коло и со убедливи 0-6 славеше на гостувањето против фенерџијата Бугарија.

Победата ја најави Маркус Рашфорд по одличната асистенција на Баркли. Токму фудбалерот на Челзи во интервал од 10 минути со два погодоци зголеми на 3-0. До крајот на првиот дел Стерлинг зголеми на 4-0, резултат со кој се отиде на пауза. Во второто полувреме „Гордиот Албион го намали темпото, но и покрај тоа постигнаа уште два погодоци преку Стерлинг и Хари Кејн.

По оваа победа Англија изби на првата позиција со 15 бода по 6 кола и потребна му е уште една победа во наредните два меча да го осигура своето место на континенталниот собир.

Во вториот меч од оваа група во балканското дерби Косово ја совлада Црна Гора со 2-0 и ги задржа шансите за второто место во групата, а за него ќе се бори со Чешка на која во следното коло им гостува.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста