Виљареал е новиот фудбалски владетел на Лига Европа


Deprecated: Implicit conversion from float 1714311865.915537 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Виљареал го победи Манчестер Јунајтед во финалето на Лига Европа, по епски пенал рулет со дури 22 изведени пенали. Битката за тронот пред 9500 навивачи во полскиот град Гдањск заврши 1-1 по регуларните 90 минути. Морено донесе водство за „жолтата подморница“ во 18., а за израмнување на „црвените ѓаволи“ се погрижи Кавани во 55. минута.  Откако мрежите мируваа во дополнителните 30 минути, следуваше неверојатна серија на пенали, во која сите фудбалери беа прецизни, па редот им дојде на голманите. Руљи маестрално стрелаше, а потоа го одбрани ударот на Де Хеа, за историски, прв трофеј на Виљареал во Европа. До истиот стигнаа без ниту еден пораз, што ги прави само шестти во Европа со ваков скор во досегашната историјата. Виљареал со 51 илјади жители стана и најмалиот град со еврокуп титула, а нивниот тренер, Унаи Емери влезе во вечноста со освоени четири пехари во Лига Европа, по оние три во низа со Севиља.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста