СОНК бара повисоки плати за наставниците


Deprecated: Implicit conversion from float 1714284283.962382 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Адријана Алексиеска

Тужби до директори на училишта кои нема да им ги покачат платите на наставниците, најави Синдикатот за образование. СОНК уште еднаш предупреди во октомвриските плати да се пресметаат и прекувремените часови на просветните работници со оглед на зголемениот обем на работа.

„Добро е наставниците кои имаат зголемен обем на работа писмено да се обратат до директорот на училиштето и со тоа да ги бараат нивните права“ – изјави претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Синдикатот предупредува дека учениците од прво до трето одделение кои учат со физичко присуство, во поголемите училишта се поделени во две групи, а  најчесто целиот товар паѓа само на еден наставник. Дополнителен физички и психички замор им предизвикувал паралелниот систем за физичко и онлајн предавање.

Претходно синдикатот предложи алтернатива, онаму каде што е потребно, да се вработат асистенти кои би им помагале на наставниците за време на наставата, но бидејќи тоа не беше прифатено од страна на Министерството за образование, бараат од директорите да го почитуваат колективниот договор. За наредните месеци, се уште важи предлогот за вклучување на асистенти во наставата.

„Постои можност тутори, односно студенти, своето теоретско образование да го надоградуваат со практична настава, во овој случај да помагаат на наставниците односно да работат согласно програмата која што ќе ја изработи наставникот и да ја дополнуваат работата во втората група“ – додава Неделков.

Синдикатот бара директорите да им дозволат наставниците кои сакаат, да работат од дома, посебно оние со хронични болести, бидејќи голем дел од нив, патуваат со јавен превоз и дополнително се изложуваат на ризик. Предупредуваат и дека Законот за безбедност на работно место им давал можност да се откажат од работењето со две групи, доколку тоа не можат да го постигнат.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174