2019 – година на спорови, избори и катастрофи

Светот издржа уште една немирна година во коа бевме сведоци на војни, природни катастрофи, терористички напади и се посилно затегнување на односите меѓу големите сили. Уште во првиот месец од 2019  американскиот претседател Доналд Трамп влезе во конфликт со Сенатот во врска со ветениот ѕид на границата со Мексико.

 „Многу сум горд што објавувам денес дека постигнавме договор за прекин на блокадата и почеток на работата на сојузната влада. „Да бидам јасен, немаме друга опција од таа да направиме силна челична бариера“, изјави Трамп

Во Франција продолжија насилните протести на “жолтите елеци”. Кај Французите владее незадоволството поради политиката на претседателот Емануел Макрон, за која тврдат дека ги фаворизира богатите и големите компании.

Во Нов Зеланд се случи страшен терористички напад за време на молитва во две џамии во Крајстчерч. По најголемата катастрофа во историјата на  земјата.премиерката Џасинда Ардерн тешејќи ја нацијата изјави:

Жал ми е. Ова е еден од најцрните денови за Нов Зеланд.Тоа што се случи тука е вонреден и невиден чин на насилство– рече Ардерн

Во април се случи пожарот кој го шокираше целиот свет. Огнената стихија уништи еден од главните белези на Париз – катедралата Нотр Дам. Претседателот Макрон тогаш вети – целосно обновување.

Јас ви ветувам: Оваа катедрала повторно ќе биде изградена од сите нас. Таа е дел од судбината на Франција и ќе биде наш проект за годините кои следуваат.”- изјави Макрон.

Еуфоријата за брза реконструкција пропадна,  бидејќи експертите утврдија дека тоа нема да оди така лесно.

Во јули Грција гласаше на вонредни парламентарни избори, каде победи опозициската партија Нова Демократија. Многумина тоа го поврзаа со потпишувањето на Договорот од Преспа но и со тешките реформи во изминатите неколку години што мораше да ги реализира владата на Ципрас за излез од кризата.

Во сепрември Претставничкиот дом на Конгресот на САД почна официјална истрага за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Претседателот мора да одговара, никој не е над законот.” – вели Пелоси.

Во декември официјално беа покренати обвинувањата дека Трамп ја злоупотребил функцијата, за да влијае Украина да поведе постапка против неговиот ривал демократот Џо Бајден.

Конзервативците на Борис Џонсон извојуваа убедлива победа на парламентарните избори во Велика Британија. Со победата Џонсон си обезбеди доволно места во парламентот што му се потребни да го реализира Брегзит на 31 јануари. (13 декември)

“Изгледа дека на оваа мнозинска конзервативна влада и е даден моќен нов мандат за Брегзит,” -изјави Џонсон.

Природните катастрофи на многу места во светот оставија големи последици.Албанија ја погоди силен земјотрес во кој загинаа 50 лица , а повеќе од 900 беа повредени.Најмногу жртви имаше во Драч и Туман.Големи поплави, бури и огнени стихии се случија од Калифорнија на Запад се до Јапонија и Нов Зеланд на Истокот. Во Европа пак имаше неверојатно топло при што дури и во некој градови во северот на континентот беа измерени повеќе од 45 степени.

Ања Василева 

https://youtu.be/cCoKUvgnUMM

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста