Костов: Старата инсталација во ГОБ ,, 8-ми Септември” е причина за пожарот

Причина на пожарот е стара инсталација, вели за Алфа директорот на ГОБ ,,8 -ми Септември” Христијан Костов.

Пожарот настанал во подрумските канцеларии каде што се наоѓале архивски документации од пациенти, што датираат од 1945 година.

-Пожарот не се проширил, нема повредени, а во однос на штетата, освен искршени прозорци, поради чадот од пожарот, а и мал дел, 20-тина изгорени картони, нема, поради брза реакција на вработените во болницата кои веднаш интервенирале со ПП апарати, вели Костов во телефонски разговор за Алфа.

Тој појаснува дека иако делови од болницата се реновирани, овие подрумски простории и инсталацијата се стари и дотраени.

Директорот уверува оти немало опасност пожарот да се прошири, и да зафати дел од болничките соби.

Екипи на МВР извршиле увид.

 

С.Т.С

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста