Само 40 отсто од мајките ги дојат бебињата

Само 40 отсто од мајките ги дојат бебињата. Храната со модифицираното млеко не носи здрав живот на бебињата како возрасни, алармира тетовска медицинска сестра во пензија која се уште добива повици од мајките за да ги научи на доење, нешто што изостанува во болниците.

Илинка Билбилоска, иако како медицинска сестра е во пензија, се уште ja бараат млади мајки за да им дава совети околу доење, затоа што во болниците наместо препораки  како да ги дојат бебињата, тие добиваат сугестии кое вештачко млеко да го купат. Таа алармира дека тоа што се помалку бебињата се хранат поинаку од природниот пат, го доведува во опасност нивното здравје понатаму во животот.

Според неа веднаш по раѓањето треба да се направи првото доење. Препорачува да се избегнува вештачкото млеко и вештачките брадавици.
Доенчето има најголем нагон за цицање после пола саат после породувањето. Мајчиното млеко е незаменливо. Ни едно млеко не може да го замени мајчиното млеко. Тоа млеко што се дава, со формула што се вика тоа е од кравјо млеко само што е модицифицирано
.

Младите мајки иако излегуваат од болници, не ни знаат како да ги дојат бебињата, а Илинка вели дека тоа им се објаснува само со неколку реченици.


На доенчето треба да му ја допре брадавицата на горната усна. Да ја отвори устата доенчето многу, и тогаш која му е многу отворена устата му го навлечува, му ја става дојката што подблабоко внатре во устата. И кога влегува дојката подлабоко во устата не доаѓа до повреда на брадавицата. И има успешно доење. Доенчето лесно цица и не голта воздух.

Таа препорачуваа доењето да стане практика уште во неонатолошкото одделение, за да се избегнат случаи поради неправилно доење да дојде бебето да одбива цицање или повреди на градите кај мајките.

Ги одбиваат мајките доенчињата од голема траума што се случува со дојката – Илинка Билбилоска

Билбилоска три децении била дел од тетовското советовалиште мајки со доенчиња. Светската здравствена организација препорачува за првите 6 месеци хранење само со доење, а според статистиките тоа го прават мајките само на 40 отсто од бебињата 

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста