Прехрамбените производи не се намалуваат, потрошувачите се жалат, ОПМ не моќна да помогне во ценовната политика

Високите цени на производите никако да се намалат, потрошувачите со еден куп поплаки, а од Организацијата на потрошувачите на Македонија со совети. Велат дека иако сето тоа е уредено со Закон, спак но крајниот збор го има министерството за економија, односно Владата. Признаваат дека секој ден се соочуваат со жалби од граѓани дека се излажани од трговците, посебно периодов, зашто иако најавуваат замрзнати цени и маржи, тоа не се случува.

Маријана Лончар Велкова, претседател на ОПМ, истакна дека ги анализираат и согледуваат проблемите на потрошувачите.

  • Морам да кажам дека ценовната политика е уредена со Закон, но спак крајниот збор го има министерството за економија, односно Владата. Се направи анализа за електронските комуникации, проблемите на потрошувачите, новиот Закон за потрошувачи кој предвидува потрошувачки приговор, каков е приговорот што веќе се доставува до трговците даватели на услуги, какви се таму приговорите, каков е сегашниот предвиден приговор со Законот кај даватели за јавни услуги, рокот, изјави Лончар Велкова.

И правниците признаваат дека граѓаните се изиграни околу поскапувањата. Велат, праксата покажала дека цените се високи, и се препорачуваат државата да креира нови мерки кои сериозно ќе помогмнат да се намалат цените.

  • Досегашната пракса покажала дека цените се високи, и се препорачуваат државата да креира нови мерки кои сериозно ќе помогмнат да се намалат цените. Граѓаните се жалат и се јавуваат кај нас бидејќи не можат да знаат дали навистина ДДВ е 0. Се очекува промена на фискалните каси за да може на сметката што ја добиваат да го проверат тоа и да видат дали данокот е 0. Кај маржите, пак, не можат да контролираат и тука настапува Државниот пазарен инспекторат и се применува една од мерките предвидена во Законот за заштита на потрошувачите врз основа на нечесната пазарна пракса, вели за Алфа Татјана Тасевка, правник во Организацијата на потрошувачите на Македонија.

И додека во Македонија цените експлодираат, храната на светските берзи во ноември била за 17% пониска отколку во март, покажуваат податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН. Најголемо намалување има кај зеленчукот, а поевтинети се и житариците, месото и млечните производи.

Според Државната статистика инфлацијата кај нас се искачи на 19,5% и е највисока во регионот. Во Босна и Херцеговина е 17%, Србија 15%, Бугарија 14,8%, Хрватска 13%, Словенија околу 11%, Грција 9%, а во Албанија околу 8%.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста