Патот до ЕУ не е нималку лесен – порака од традиционалниот марш по повод „Денот на европското знаме“

Патот до Европската Унија не ни малку едноставен и лисен, па затоа треба малку повеќе да се потрудиме во нашето остварување на нашата цел. Ова го изјави претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска, од пред седиштето на ЕУ во Скопје, која заедно со Евроамбасадорот Дејвид Гир ги разменија македонското и знамето на Европската Унија, со што традиционално го означија почетокот на „Планинарскиот марш 2022″.   

  • Тоа значи дека патот до Европската Унија не е така едноставен и лисен, така што ова е еден симболичен начин дека треба малку повеќе да се потрудиме во нашето остварување на нашата цел. Меѓутоа има и една друга порака овој марш на планинарите и на граѓаните –  Македонија има многу планини, пораката е дека треба многу многу повеќе да ги посетуваме и да уживаме во нивната убавина, рече Ѓуровска.

Евроамбасадорот изрази задоволство што присуствува на традиционалниот марш, и рече дека остануваат на заложбата на двете страни дека членството во ЕУ е нашата иднина и дека мора да поактивно да работиме за да стигнеме до целта.

  • Планинарите кои одат заедно и кои силно веруваат во европската иднина на оваа земја, се качуваат до врвот на Водно одовде, од делегацијата на Европската унија. Пресреќен сум што сум дел од ова, рече Евроамбасадорот Дејвид Гир.

Дел од учесниците на маршот велат дека манифестацијата има за цел да го афирмира спортот во нашата држава, планинарските рекреативни активности, кои би требало да бидат на повисоко ниво.

  • Оваа манифестацијата има за цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои би требало да бидат на многу повисоко ниво, вели учесниците на настанот.
  • За среќа имаме и убаво време, и ќе го искористиме ова време за движење кон врвот на планината Водно, велат рекреативците.

Учесниците од седиштето на Делегацијата на ЕУ се упатија кон врвот на Водно, и ги поставија двете знамиња. На планинарскиот марш се приклучија бројни планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани.

Инаку, ваквата манифестацијата има за цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои во моментов се на многу ниско ниво.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста