Овошјето и зеленчукот стануваат луксуз – ново поскапување на доматите, краставиците, пиперките и кромидот

Ново поскапување на овошјето и зеленчукот. Владата остана на зборот и донесе одлука да се зголеми цената на доматите и краставиците од 70 на 95 денари за килограм. Пиперките поскапуваат за 10, односно наместо по 90 сега ќе се продаваат за 100 денари. Поскапува и кромидот, и сега ќе чини 70 денари. Според министерот за економија, сите цени на овошјето и зеленчукот, цените се ограничуваат до 100 денари, освен леќата која ќе оди за 110 денари.

Во делот на овошјето, Бектеши рече дека кај нив нема да има корекции, што значи дека бананите и натаму ќе одат за 70 денари, мандарините 60, а портокалите и лимоните ќе се продаваат за 55 денари.

  • Новите цени ќе почнат да важат по објавата на одлуката во „Службен весник“, а ќе се применуваат до крајот на месецот. На дневна база се контролираат цените на увозот врз основа на тоа што се пријавени и ако има потреба во текот на месецот дополнително ќе ги коригираме ако забележиме намалување на увозните цени“, најави министерот.

Бектеши е свесен дека увозниците со шлепери криеле грав, краставици, домати, и затоа на сите им порача дека заедно со инспекцијата ќе одат до крај, зашто тие биле главните виновници кои во Царина прикажувале лажани сметки и го оштетиле државниот буџет.

  • „Но, од крајот на минатата недела има нова одлука која се применува од денеска, а се однесува на тоа дека сите трговци имаат обврска да продаваат 70 отсто од продажбата што ја имале во јануари и февруари. Од утре нема да има таква ситуација затоа што доколку трговците стоката ја чуваат како резерва ќе им биде земена и ќе добијат соодветни казни согласно Законот за трговија и за заштита на потрошувачите“,најави Бектеши.

Дали некој ќе одговара за фалсификување на фактурите од увозниците, и за колку е оштетен буџетот, министерот рече дека Царина веќе работи на документацијата, вклучувајќи ги фактурите од Турција и Грција, од каде се прави најголемиот увоз.

  • Ако во случај добиеме навремено сите одговори од Турција и Грција ќе излеземе со проекции колку можеби е оштетен буџетот на државата. Можам да гарантирам, дека оваа работа ќе оди до крај. И такво е задолжението за сите институции вклучувајќи ја Царинската управа. Ова не значат контроли само на увозниците или трговците на маало туку и како се внесени тие во нашата држава, вклучувајќи и институции кои ги прават проверките – а зошто да не и вработени“, кажа Бектеши.

Во меѓу време, инспекцијата е на терен и ги чешла увозниците на големо. До сега, дел од нив имале големи резерви на овошје и зеленчук и не ја почитувале владината одлука. За нив ќе има казни од 800 до 10.000 евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста