Новиот тарифник за струја нема да донесе пониски сметки, зашто ќе има ново поскапување, граѓаните мора да штедат

Граѓаните се борат со математика како да го поминат месецот, ама ќе се борат и со дополнителни пресметки, како до помали сметки за струја. Енергетските експерти признаваат – новиот тарифник е збунувачки направен, треба добро да им се објани на граѓаните, кога и како да го применат. Но едно е сигурно – граѓаните мора да штедат струја, за доброто на сите.

Граѓаните ќе мора да штедат струја, но со новиот тарифник на Регулаторна сметките во никој случај нема да бидат пониски од сегашните, зашто не чека ново поскапување. Колку и да се заштеди, тоа сиурно ќе биде помалку од новата повисока цена која ќе стапи на сила од 1 јули. Експертите сепак сметаат дека новиот систем за тарифирање ќе донесе одредени заштеди кои нема да се почувствуваат, и оние граѓани кои ќе инвестираат во дополнителна опрема ќе им ги направи електричните апарати поекономични.

  • Ние имаме многу стар модел, мој што требало да се премени и многу порано, ианку станува збор за стар тарифник, кои се употребувал пред повеќе од 40 години. Е сега, со него ќе биде по принципот како кај прогресивниот данок, односно оние кои трошат повеќе, ќе плаќаат најскапа струја. Домаќинствата кои трошат над 420 мегават часови електрична енергија, ќе плаќаат над 6% повеќе. Оние пак, кои трошат најмалку, ќе имаат пониски сметки за 12-13%. Сепак, пресметките се за важечките цени, а не за зголемувањето кое ќе стартува од 1 јули, вели меѓу другото за Алфа енергетскиот експерт Александар Дединец, кој е научен соработник во МАНУ.

Енергетските експерти признаваат дека ваквиот тарифник е збунувачки направен, но ако добро им се објани на граѓаните, ќе знаат кога и како да го применат.

Според анализата, во земјава има околу 800.000 домаќинства кои влечат струја. Од нив,140.000 трошат под 100 киловати, а најголем дел од домаќинства трошат од 300 до 700 киловат часови. Пресметките покажуваат дека со сегашните цени, оние кои би трошеле над 420 килоивати и би влегле во третиот од четирите блока, а би добиле за 6% повисока сметка, додека оние од првиот и вториот блок, би имале дури и до 13% пониски фактури.

  • Просекот на едно домаќинство е потрошувачка од над 420 киловат часови електрична енергија во висока тарифа, па така, сега по блоковите ако сега плаќаме околу 2.500 денари струја, со новиот тарифник цената ќе биде минимално намалена односно за некој 300 денари, но само за прв блок, додава меѓу другото професорот за Алфа.

Дединец вели дека државата го преспала периодот за вложување во обновливи избори на енергија, и тоа бил системски проблем, па затоа мора сега и одма да се седне и да се направи стратегија од каде да се почне додека нее предоцна.

Од Регулаторна, пак, велат дека од следната недела ќе кажат колку зголемување побарале енергетските компании кои веќе имаат доставено пресметки.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста