Грковска: Јас реков дека Договорот со „Бехтел и Енка“ може да биде објавен, ама премиерот веднаш потоа кажа оти е со клаузула за тајност

За вицепремиерката за добро владеење нема ништо спорно во тајноста на Договорот со „Бехтел и Екна“. На денешниот брифинг со новинарите повеќе се смешкаше на клучините прашања отколку што даваше конкретни одговори. За Славица Грковска нема ништо спорно ни во аферата „Семејна екскрузија на Димитар Ковачевски во Америка“.

Договор со тајна клаузула што фрла сериозни сомнежи за криминал. Сепак, Славица Грковска не гледа ништо спорно во спогодбата со „Бехтел и Енка“ и носењето на законските измени кои произлегуваат од него иако нејзината функција е „вицепремиер за добро владеење“ и токму таа би требало да се залага за транспарентност и да се бори со корупцијата.

На брифинг со новинарите наместо одговор, само се насмевна кога беше прашана, ако има притисоци, кои се политичарите кои сакале да се мешаат во процесот за добро владеење.

  • Постои клаузула за тајност што веднаш беше објавено од премиерот и беше информирана јавноста, рече Грковска на средбата со новинари.

За Славица Грковска нема ништо спорно ни во аферата „Семејна екскрузија на Ковачевски во Америка“. Вели дека премиерот веќе одговорил на прашањата како и зошто ги повел своите деца на службен пат и немала што да додаде.

  • Мислам дека треба да го прашате прмиерот за тоа, иако јас сметам дека треба од Владата да побарате одговор, од неговиот кабинет. Ние немаме ингиренции за тоа, исто како што немаме ни за пратениците. Премиерот имаше изјава за тоа. Повеќе информации може да побарате од Генералниот скеретаријат – тој треба да одговори, зашто тие ги организираат патувањата, рече вицепремиерката за добро владеење.

Од друга страна вицепремиерката вели дека веќе опоменала дел од функционерите кои службените возила и канцеларии ги користат за партиски и приватни цели и тврди дека тие веќе го поправиле своето однесување. Сепак, ситуацијата на терен покажува нешто сосема друго.

Грковска вели дека доколку некој континурано го прекршува кодексот, таа ќе го известела премиерот и дека на крајот можеби ќе биде побарана и негова оставка. Сепак, ова досега се нема случено. Таа е меѓу функционерите кои добија 78% покачување и сега зема плата од над две илјади евра, плата за која само предупредува и опоменува и тоа само во одредени случаи, без никакви конкретни резултати.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста