Азески: Извезуваат само 5% од македонските компании, мора да се работи посериозно за заживување на еконономијата

Само 5% од компаниите ги пласираат своите производи на странските пазари, а државата нема стратегија за извоз. Ова мора да се промени, предупредуваат бизнисмените. Во најголемата Стопанска комора велат дека итно е потребно носење цел сет мерки кои македонските компании би ги направил поконкуренти и во регионот и пошироко.

Бранко Азески ја посети компанијата „Џонсон Мети“ во ТИРЗ-Скопје 1, што беше прва активност на Националниот совет, новоформираното тело во чии редови се претставници на владини институции и приватниот сектор. 

  • Само пет проценти од македонските компании извезуваат. Тоа е поразителна бројка – рече Азески истакнувајќи дека промената на оваа состојба е првата и основна задача на Националниот совет за извоз. Според него, многу мал број компании во нашата држава се вклучени во синџирите за снабдување на странските инвеститори, а тоа е треба да добие на интензитет, оцени Азески.

Домашните комапнии слабо извезуваат, но и речиси не се вклучени во синџирите на снабдување на странските инвеститори. И за ова се потребни стиумулативни мерки.

  • Моја генерална оценка е дека и ние и политичките чинители во државава одиме кон определување приоритети и постигнување консензус. Клучно е да постигнеме договор околу економијата како врвен приоритет во наредните 10 години, како поддршка на извозот во наредните 10 години како клучна компонента на развојот, но и регионалната соработка, наведе Азески.

Големите странски компании кои се веќе присутни во Македонија велат дека најголем предизвик се политичките турбуленции, сметаат дека бизнисот мора да биде над политиката.

Според државната статистика лани вредноста на македонските производи и услуги кои завршиле на странските пазари достигнала 8.3 милијарди евра, а на оние кои влегле во земјава дури 12.1 милијарда. Покриеноста на увозот со извоз била 68.4%. Увозот и натаму расте со побрзо темпо од извозот, па Македонија станува се позависна од странски производи.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста