Азески-Бектеши: Правиме напори бизнисот да добие струја со нормлани цени, дел од компаниите веќе затворија

Македонија е соочена со сериозен предизвик да се справи со последиците од енергетската криза, кои ако се суди според предупредувањата може да бидат катастрофални за економијата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предупредува од банкрот ако власта не најде најмалку две милијарди евра. Бизнисот и експертската јавност одамна алармира дека власта го преспа критичниот моментум за подготовки, таа пак уверува дека има рецепт за помош. Министерот за економија пак, на средбата со Бранко Азески – вети мерки за стопанството и најави дека утре заминува во Софија да договара цена за струјата.

Клуч на врата за добар дел од големите индустриски капацитети, поради високите сметки за струја. Ова го изјави првиот човек на најголемата Стопанска комора Бранко Азески, кој посочи и дека за некои од нив се уште останува неизвесно дали во скоро време ќе можат повторно да проработат. На одржаниот состанок, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, се договориле до вторник 10-те најголеми компании да достават листа на конкретни барања, за кои се очекува да им бидат испоирачани од Владата за ублажување на кризната состојба.

  • Некои компании и не работат веќе. „Фени“ кажа дека треба да одлучи дали ќе го активира производство на први октомври, така да кај сите се различни, но сите изразија очекување дека им треба поддршка, затоа што не се конкурентни со соседство каде имаат регулирани цени. Имаме ние шест компании кои се на отворен пазар, од тие десет. Тие се групирани и може да набавуваат од каде сакаат, но денеска изразија желба да формулираат определени барања кои ќе се разгледаат бидејќи се од значаен капацитет за македонската економија. Растот на цените на сметките за струја се зголемени од четири до шест пати, вели Бранко Азески претседател на Стопанската комора.

Министерот за економија, уверува дека се прават напори да им помогне на сите компании кои се погодени од енергетската криза. Тој вети дека фирмите ќе добијат сруја по пристпани цени, за компаниите да не банкротираат. Токму затоа, работни групи уште утре ќе отпатуваат за Софија каде ќе се договараат детали и цена по која Бугарија ќе и испорачува струја на Македонија.

  • Работиме да им обзбедиме на компаниите доволни количини на електрична енергија, а со преговорите кои што интензивно ги водиме правиме максимални напори цената на електричната енергија да биде порационална од онаа што е на светските берзи. Не зборуваме само за обезбедување на количини на електрична енергија, бидејќи тие количини ги има од увоз. И не е проблем делот на количините, проблем е делот на цената со кој ние сакаме да го решиме билатерално со нашите соседи и тоа да биде за целата грејна сезона, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Инаку, 10-те најголеми македонски компании кои трошат 20% од струјата бараат и за нив да има антикризни мерки за справување со енергетската криза. До следниот вторник овие компании имаат рок да достават список со барања до владата, по што пакетот помош ќе биде објавен на 28 септември.

Стопанството веќе поголго време алармира дека состојбата не чини и затоа на големо бараат државна помош за да може да опстанат. До сега, државата само ја намали маржата на 10% на трговците со струја, што за компаниите не значи ништо.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста